Бугарија уште во февруари соопштила дека не ги прифаќа македонските предлози и дека разговорите треба да продолжат. Ова за агенцијата БГНЕС го соопштија од бугарското МНР во врска со вчерашната изјава на македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, дека постои документ што е прифатлив за нас, но се чека одговор од властите во Софија.
-Постои активен дијалог меѓу министерствата за надворешни работи со цел да се изнајдат решенија за отворените политички прашања. Последниот експертски состанок на тимовите на МНР се одржа на 11 февруари годинава, на кој се разговараше за најновите предлози на (Северна) Македонија, официјално испратени во декември 2021 година како одговор на предлозите на бугарската страна. На средбата во февруари бугарската страна ги информира претставниците на Северна Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат, соопштија од бугарското МНР.



