Вчера во 14.40 часот на локалниот пат с.Велешта-с.Долна Белица, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Х.А.(56) од Република Албанија.
Тој бил затекнат при извршување кражба во плац за авто делови.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.