Home АКТУЕЛНО Лажен полициски инспектор со измама и земал на кавадарчанка сто илјади денари и 450 евра

Лажен полициски инспектор со измама и земал на кавадарчанка сто илјади денари и 450 евра

0
Лажен полициски инспектор со измама и земал на кавадарчанка сто илјади денари и 450 евра

Повозрасна кавадарчанка била измамена од лажен инспектор, кој и земал сто илјади денари и 450 евра, информираа денеска од СВР Велес.

Во соопштението се наведува дека вчера во 11.30 часот во ОВР Кавадарци, 73-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 100.000 денари и 450 евра.

-Според пријавеното, лицето и се јавило, се претставило дека е полициски инспектор и дека нејзиниот внук и неговата девојка со автомобил удриле дете мигрант. Како што е пријавено, лицето и побарало 50.000 евра за да помогне на нејзиниот внук да не оди во затвор, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и извршиле примопредавање на парите, по што лицето го прекинало контактот со неа, соопштија од СВР Велес.