Темен режим Режим на светлина

Сончево и топло со слаб до умерен ветер

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето денеска ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 29 до 36 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 33 степени.

Од утре до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40 степени. И во Скопското подрачје, дневната температура ќе биде околу 40 степени.

Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Лажен полициски инспектор со измама и земал на кавадарчанка сто илјади денари и 450 евра

Следна објава

Во Скопје 189 сообраќајни прекршоци, пешаците стасаа до 25 казни