Вкупно 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги ќе ги одликува претседателот на државата Стево Пендаровски.
На денешна свеченост што во 18 часот ќе се одржи во Филхармонија, а во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание против фашизмот, медалите ќе ги добијат Анка Гиева и Виолета Томовска, и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Република Македонија.
Одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.



