Темен режим Режим на светлина

Србин во бугарско возило шверцувал мигранти низ Македонија

Спречен нов шверц на мигранти. Имено, вчера, во 15:50 часот, на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, при Регионалниот центар за гранични работи Југ, го лишиле од слобода лицето С.М.(24) од Република Србија.

Во возилото „бе-ем-ве“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и продолжил со движење со возилото. Набргу, со возилото излетал од патот и се дал во бегство, но по преземени мерки бил пронајден и лишен од слобода.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а С.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Злосторничко здружение околу Ковачевски влегло во бизниси од 26 милиони евра откако е СДС на власт

Следна објава

Кисела Вода ќе субвенционира набавка на огревно дрво со по 500 денари за кубик