Темен режим Режим на светлина

Белорусија воведува кастрација на педофили

Белорусија има намера да воведе хемиска кастрација како дел од програмата за лекување на педофили, соопшти Канцеларијата на Врховниот обвинител. Целта е да се заштитат децата, потенцијалните жртви, од злоупотреба и експлоатација.

Веќе се подготвени измени на постоечкиот кривичен закон, а од тамошното МВР велат дека хемиската кастрација на осудените за педофилија ќе биде задолжителна како дел од нивната судска пресуда.

Како дел од акцискиот план, Министерството за здравство изработи и одобри „клинички протокол кој содржи алгоритам за третман на педофилија“, а изготвен е и механизам за рехабилитација на жртвите на сексуална злоупотреба.

Владата објави и дека претседателот Александар Лукашенко силно го поддржува заострувањето на законските одредби, како и дека претходно осудените педофили мора да носат електронски нараквици.

Хемиската кастрација е дозволена во некои американски држави, во Канада, Данска, Германија, Норвешка, Шведска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Демократски сојуз: Бараме темелни реформи на судскиот систем, СДСМ и ДУИ ги кочат истите

Следна објава

ДУИ ќе го брани Мерко или ќе му шепне да си замине?