Украинските војници нападнаа мостови во близина на Чонгар, на административната граница меѓу украинската област Херсон и Крим под контрола на Москва, соопштија проруските власти. Површината на патот на мостовите е оштетена, а повредени нема, тврдат истите.
– Криминалниот режим на Киев изврши варварски гранатирања на цивилни објекти – мостови на административната граница меѓу Херсонската област и Крим кај Чонгар, напиша вршителот на должноста гувернер на Херсонската област Владимир Салдо на Телеграм.
Салдо тврди дека површината на патот на мостовите е оштетена, а повредени нема.
Тој наведе дека според прелиминарната проценка, за време на нападот биле користени британски проектили, пренесува РИА Новости.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




