Темен режим Режим на светлина

Бајден стави рака на срце на туѓа химна, доцна сфати дека не е американската

Индискиот премиер Нарендра Моди е во официјална посета на Соединетите Американски Држави. Тој се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа.

Кога според протоколот се свиреа химните на САД и Индија, американскиот претседател се збуни при изведувањето на индиската химна.

Имено, како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, Бајден ја ставил раката на срцето, што е вообичаено при изведувањето на химната на сопствената земја, а некаде на средината на настапот сфатил дека не е американската химна, па ја спушти раката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ревизорите ја прочешлаа општина Тетово: Незаконски исплатени 35.000 евра за хонорарите на вработените, за договори на дело отишле 617.000 евра...

Следна објава

МТСП: Издадена е писмена опомена за негувателката каде исчезна дете од градинка