Заострени пораки Пекинг – Вашингтон: Кина прати демарш по изјавата на Бајден…

Кинеската влада упати протест до американскиот амбасадор во Кина поради коментарите на претседателот Џо Бајден, кој го нарече кинескиот претседател Шји Џјинпинг диктатор.

Официјален Пекинг побрзал да реагира, па Николас Барнс ја добил дипломатската нота само неколку часа по изјавата на Бајден за Шји, пренесе „Волстрит журнал“, цитирајќи тројца неименувани американски претставници.

За потсетување, на собирот во вторникот, Бајден рече дека Шји не знаел за наводниот кинески шпионски балон што бил соборен во воздушниот простор на САД во февруари, додавајќи: „Тоа е голем срам за диктаторите. Кога не знаат што се случува“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, во средата изјави дека крајно апсурдните коментари на Бајден сериозно му наштетиле на политичкото достоинство на Кина и претставуваат политичка провокација.

Инаку, изјавата на Бајден дојде само еден ден по посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Кина, а целта беше цел да се запре надолната спирала во односите меѓу САД и Кина.

Претходна вестВо светот цената паѓа, кај нас расте, Македонија во првите пет земји во светот по поскапување на становите
Следна вестВторо издание на ЦИА: Снимање краток филм, работилница за дигитализација на филм, настап на „Баклава“ и Зарина Првасевда