Во светот цената паѓа, кај нас расте, Македонија во првите пет земји во светот по поскапување на становите

Додека во поголемиот број на земји цената на становите паѓа кај нас расте. Па така Македонија се најде во првите пет земји во светот по поскапување на становите, објави „World of Statistics“, односно цената е зголемена за 20,6 проценти.

Единствено Србија и Русија имаат поголемо поскапување на становите од Македонија, со 23.1% и Турција, која е земја во светот со најголемо поскапување на становите од 167.9%.

Во првите десет земји со најголемо поскапување на становите, на петто место е Исланд (20,3%), на шесто Хрватска (17,3%) на седмо Израел (16,8%) на осмо Унгарија (16.5%)на девето Грција (12,2%) и на десетто Португалија (11,3%). Само пет земји во светот за последната година имаат поскапување на становите од над 20%, а единствена земја од регионот во која становите се поскапени повеќе од Македонија е Србија.

Колку за споредба, во земјите како Германија и Шведска се бележи намалување на цените за становите за нешто над 3,5% односно за 2.6% во Германија и 3.7% во Шведска. Во НР Кина исто така се бележи пад на цените на становите од 3.7%, додека во Нов Зеланд цените на становите се намалени за 10,4%.

Претходна вестПовеќе од 1,3 милијарди луѓе ќе имаат дијабетес до 2050 година
Следна вестЗаострени пораки Пекинг – Вашингтон: Кина прати демарш по изјавата на Бајден…