Тројцата косовски полицајци кои на 14 јуни беа уапсени длабоко на територијата на Србија, ќе се бранат од слобода, откако судот во Краљево го потврди обвинението против нив. Адвокатот од Белград, Градимир Налиќ, кој ги застапува уапсените косовски полицајци во Србија, потврди за РСЕ дека им е укинат притворот и дека, како што изјави, тие во моментот се ослободуваат.
– По спроведена претходна постапка и поднесен обвинителен акт од страна на Вишото јавно обвинителство Краљево против осомничените Б. С., Р. З. и Ш. М. поради по едно кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл. 348-ми ул. 4. во врска со ст. 2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик, неистражниот совет на Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против горенаведените обвинети и донесе решение со кое на обвинетите им го укинува притворот, се вели во соопштението на Вишиот суд во Краљево, пренесува Танјуг.
Сите тројца биле во целосна воена опрема во моментот на апсењето, вооружени со три автоматски пушки, муниција, мапи, ГПС уреди и друга опрема.
Тројца членови на косовската полиција со службено возило марка „Дачија Дастер“ дошле на алтернативниот премин Тресава-Батњик, го напуштиле возилото и продолжиле пеш по патот Орахово-Гњилица, каде биле лоцирани и уапсени од специјална антитерористичка единица на Србија.




