Темен режим Режим на светлина

Запален автомобил на командир од затворот „Идризово“

Во населбата Илиден, во три часот утринава било запалено возилото од марката „Рено Клио“ на командирот во Идризово, дознава ексклузивно Фактор. Огнот, освен што целосно го пеплосал возилото, ја зафатил и гаражата каде автомобилот бил паркиран, но за среќа во инцидентот нема повредени.

– На 26.06.2023 во 03.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Илинден биле опожарени гаража и патничко моторно возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(50) од Скопје. Повредени лица нема, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчитување на случајот, информираат оттаму.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Бензините поевтини, дизелот поскап за 0,50 денари

Следна објава

Србија ги ослободи косовските полицајци, ќе се бранат од слобода