Темен режим Режим на светлина

Тешко повредена повозрасна жена, со автомобил излетала од патот

Повозрасна жена со „голф“ излетала од патот во близина на Виничка крстосница. Таа била итно транспортирана во болница.

– На 25.06.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на регионален пат во близина на Виничка крстосница патничко моторно возило “голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Ј.Е.(67) од Виница, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Е., констатирани во Медицинскиот центар Штип, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Судски совет контра Антикорупциска: Дајте доказ дека претставката против Мерко сте ни ја доставиле во 2018-та година

Следна објава

Добро е: Доделени 60 решенија за набавка на трактори за земјоделци од Овчеполието