МВР со детали за сообраќајка кај Битола: Возачот на „опел корса“ изгоре по сударот со „сканиа“

Тешка сообраќајна незгода во која загинало едно лице се случила утрово во близина на Битола. До незгодата дошло откако автомобил и камион се судриле на патот Прилеп-Ресен, утрово околу пет часот. Во несреќата, се запалил автомобилот, а возачот изгорел. Од МВР ја потврдуваат несреќата и велат дека е извршен увид од нивна екипа.

-Во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, од крстосница за с.Кукуречани до место викано „Билбил Камен“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „сканиа“ со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено, соопштија од МВР.

Претходна вестКров падна врз автомобил во Скопје, возачот повреден
Следна вестЈокиќ ги разочара Србите: Оди играј за Американците, поведи ги и твоите коњи…