Темен режим Режим на светлина

Постигнат договор: Вработените во УЈП следната плата ќе ја земат со 30 процентно зголемување

Над 6.000 активни фирми без фискален систем, следуваат контроли од УЈП Над 6.000 активни фирми без фискален систем, следуваат контроли од УЈП

Во петокот е постигнат договор со синдикатот на Управата за јавни приходи и вработените ќе добијат покачување на плата, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21. На прашањето дали има конечна одлука за штрајкот во УЈП таа рече дека е потпишан колективен договор.

-Потпишан е колективен договор во петокот меѓу „Солидарност“ и УЈП и добиено е позитивно мислење од страна на Министерството за финансии, вели Лукаревска.

На прашање кога вработените ќе добијат зголемување, Лукаревска истакна дека веќе следната плата ќе биде исплатена со 30 процентно покачување.

Договорот е постигнат со посредство на медијаторот Илија Манасиев.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јокиќ ги разочара Србите: Оди играј за Американците, поведи ги и твоите коњи...

Следна објава

Пет илјади Кубанци поминале низ Македонија, за 9 000 евра од човек биле префрлани во Шпанија