Темен режим Режим на светлина

Не помагаат ни казните: 249 возачи казнети за брзо возење, шестмина возеле и над 70 километри на час повеќе од дозволеното

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 249 возачи.

-Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 129 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место, соопшти МВР.

Во скопското подрачје, пак, вчера биле изречени вкупно 138 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 63 санкции.

-Имало и три мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), се наведува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

МОН го објави повикот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Следна објава

Научници ќе спојуваат мозочни клетки со вештачка интелигенција