Темен режим Режим на светлина

Меџити најави кампања за подигање на свеста кај бремените жени, старт на комисија за позитивна листа на лекови, побрзо градење на болниците…

Кампања за подигање на свеста на бремените жени за консултации со психолог и психијатар од наесен, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

-Тоа што јас го презедов како министер е дека некаде од септември – октомври ќе почнеме една кампања за подигнување на свеста и кај и кај бремените жени, ни и за редовни консултации со психолог, психијатар. Знаете, некогаш ќе се случи некој несакан, немил настан за да не поттикне да почнеме да преземаме поостри мерки за некоја работа, во некој правец. Така ќе постапиме во иднина, рече на денешната конференција за печат министерот Меџити.

На извештајот за случајот со родилката од стручната комисија која тој ја формираше се уште се чека, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе утврди дека ГАК направиле пропуст со тоа што не и обезбедиле психијатар.

Тој информриа дека додека е министер нема веќе да дозволува да не се градат болници и здравствени установи по 15 или 30 години.

-Тоа нема да се случи со мене. Додека јас сум министер, се што зависи од мене, ќе добие на динамика. За Штипската болница е активирана банкарска гарранција на 6 милиони евра и така ќе постапам со сите здравствени институции. Нема да дозволам повеќе да се случат вакви компликации, кажа Меџити.

Тој додаде дека е донесен новиот Правилник за ставање лекови на позитивна листа која не е ревидирана цели 13 години, кој се базира на европските пракси во оваа област вклучувајќи ги тука и посебните договори што ќе овозможат достапност на иновативни лекови за нашите пациенти. Формирана е и стручната комисија која го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот за здравство осигурување.

-Оваа комисија, наведе министерот, континуирано ќе работи на изменување и дополнување на Позитивната листа на лекови и верувам дека конечно после долг период ќе воспоставиме функционален систем со цел задоволување на потребите на пациентите со соодветни терапии, рече тој.

Министерот најави и средување на хаосот со вработувањата.

-Бараме да не мора веќе да се бара и чека согласност од Министерство за финансии за вработување на пример на лекар откако некој ќе замине во пензија. Само се одолговлекува така. Сакаме да има систем ваквите вработувања да се забрзаат. Дозвола да дава Министерството за здравство, вели Меџити.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Целовечерен концерт на „Камерата Академика“ на „Охридско лето“

Следна објава

„Анима мунди“: Во ЗОО- Скопје работи таков кадар, што е можно и самиот да ги убил, отрул животните