Сите министри од редовите на ДУИ, односно првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска преку нивните профили нa Фејсбук соопштија дека ги потпишале оставките и ги доставиле до премиерот Димитар Ковачевски.
-Како носител на важна јавна функција, свесен дека благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина несомнено припаѓа во големото европско семејство, имајќи го предвид именувањето на политичкиот субјект на кој му припаѓам и кој начелно се залага за интеграцијата на земјата како во НАТО и ЕУ така и за блиски и продлабочени односи со САД, имајќи го во предвид непристојниот услов на опозицијата за да ги изгласа уставните измени во Собранието, свесен за важноста на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Северна Македонија, Почитувам Претседател на Владата, Ви ја поднесувам мојата оставка од функцијата Министер, која ве молам да jа активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените измени во Собранието и истите ќе стапат во сила, пишува во оставките на министрите објавени на Фејсбук.
Тие посочуваат дека се чувствуваат горди и почестени од дадената доверба од страна на лидерот Али Ахмети, Демократската унија за интеграција и граѓаните, како и од довербата на премиерот да бидат дел од реформскиот и интегриран владин кабинет и да им служат на граѓаните.



