75-годишник од Скопје е прегазен ноќеска на крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ откако во него удрило патничко возило.
-Возачот го напуштил местото на несреќата информира МВР.
Жртвата починала на местото на несреќата, смрт констатирал лекар од Итната помош. Од МВР велат дека случајот се расчистува. Телото на починатиот е дадено на обдукција.