Црногорските кланови ископале тунел под судот за да бегаат додека се на рочиште

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, министерот за правда Марко Ковач и министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ го посетија станот од кој беше пробиен тунелот до Вишиот суд во Подгорица. Црногорскиот весник „Вијести“  соопшти дека случајот против кавачкиот криминален клан е еден од претресените во депото на Вишиот суд во Подгорица, откако мафијата нашла начин да влезе во просториите на таа институција.

Тунелот се копал најмногу месец и половина. Сопствениците кон крајот на јули го издале станот во подрумот на зградата, спроти страната на зградата на судот. Акцијата најверојатно била спроведена во август, додека поголемиот дел од вработените во државната администрација, вклучително и во Вишиот суд, биле на годишен одмор.

Инаку претходно црногорските медиуми објавија дека под Вишиот суд во Подгорица е откриен тунел кој води до стан што се наоѓа наспроти зградата на судот. Црногорскиот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ кажа дека станот е во приватна сопственост.

– Акцијата долго била подготвувана и личи на акциони филмови. Ова е напад на системот и државата, кажа Аџиќ.

Тунелот бил откриен во понеделникот кога две службенички на судот пронашле дупка во ѕидот на депото каде што се складира доказниот материјал. Претседателот на судот Борис Савиќ изјави дека не е украдено ништо од предметите и судските акти. Меѓу другото, во депото се чуваат 9,5 тони дрога, од кои два тона кокаин.

– Утврдивме дека предметите биле поместувани, направивме попис и ништо не недостига. Информациите дека нешто е украдено не се точни, изјави Савиќ.

Тој смета дека тунелот не бил ископан заради грабеж, туку требало да послужи за обид за бегство.

Полицијата откри дека тунелот завршува во десетина метри оддалечената станбена зграда, во стан кој бил изнајмен пред два месеца. Премиерот Дритан Абазовиќ смета дека тунелот не можел да биде ископан без помагачи од судот, особено затоа што копањето на тунелот се совпадна со почетокот на реновирањето на судот.

Претходна вестСкандалозни прашања за средношколците: „Дали е можно вашата хетеросексуалност да е само фаза којашто ќе ја надминете“?
Следна вестИгор Стефановски Иџе пред историска шанса за освојување на нова европска титула