Темен режим Режим на светлина

Малолетник бил нападнат од тројца соученици со тврд предмет

Четириесет и двегодишниот тетовец В. З., вчера, во 10.15 часот, во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 11.30 часот, во тетовско основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца ученици во истото училиште. Едниот од нив употребил и метален предмет, извести СВР Тетово.

– Набрзо случајот е расчистен, идентификувани се тројцата малолетници, разговарано е со нивните родители и со претставници на Центарот за социјални работи, соопшти СВР Тетово.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од Ватерло започна европската промоција на историското дело „Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име“

Следна објава
Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

Повредени три лица во сообраќајка на патот Охрид-Струга