Скопјанец ги нападнал сопругата и синот, полицијата го приведе

Вчера во 14 часот полициски службеници го лишиле од слобода Г.Л.(44) од Скопје, поради тоа што во домот на подрачјето на Драчево физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга и им се заканувал со остри предмети нејзе и на нивниот син.

Тој потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Претходна вестНово поскапување на горивата во Македонија
Следна вестСредба на Пендаровски со германскиот канцелар Шолц во Њујорк