Бугарските окупатори се плашеле од херојот Рампо – Левката дури и откако го убиле

За жал, на многу македонски херои кои ги дале своите животи за слобода не се знае каде им се наоѓаат посмртните останки. Непријателот којшто ги мачел и на крајот убивал најчесто се плашел од реакциите на народот, од тоа дека нивните гробови ќе станат места на народното собирање и на народниот отпор, па затоа македонските херои биле тајно погребувани по шумите и планините, фрлани во длабоки јами, езера…

Таква е приказната и за Народниот херој од Втората светска војна Рампо Левков – Левката кој по тешко измачување од страна на тогашните бугарски окупатори починал во прилепскиот затвор на 19-ти септември 1943 година. Претходно, тој беше уапсен на 15 септември, додека работел во својата канцеларија, однесен во затвор каде што почнало мачење и тепање со цел да ги открие своите партизански врски. По неколкудневни измачување Левков починал.

Убијците се исплашиле дека тоа ќе создаде револт кај народот па решиле да го закопат тајно, во непознат гроб. Според сознанијата, тој е закопан во некоја од бројните варџилници коишто постоеле во тој период во градот. Но, во која, до ден денешен не е познато. Како и во случај на народните херои Стив Наумов и Мите Богоевски, бугарските окупаторски власти ни сега не откриваат каде се нивните гробови иако некои сведоштва и записи мора да постојат во нивните полициски и воени архиви.

Рампо Левков е роден во 1909 година во Прилеп каде дедо му држел кафеџилница и берберница, а татко му имал грнчарница. Основно образование и гимназијата завршил во Прилеп, а во 1929 година се запишал на Правниот факултет во Белград, каде студирал вонредно. И покрај материјалните тешкотии, го завршил за пет години и по што се вратил во родниот град. Се вработил и како волонтер во општинскиот суд и веќе се вклучува во политичкиот живот со цел ослободување и правата за македонскиот народ. Српската полиција често му упаѓала дома, барајќи причини за да го уапси.

Од есента 1941 година (Втората Светска војна и фашистичка окупација), живее и дејствува полуилегално и со голем успех работи на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ. Силно се борел за слободата на Македонија се до моментот на бугарската егзекуција.

Претходна вестЗаев и Груевски негираат – немало никакви тајни средби за КЗ
Следна вестМакедонски државјанин со чекан нападнал сплитска полиција откако бил фатен во кражба