СДСМ: Горди сме на нашите реформи во образовниот систем, а на наставниците им покачивме плати

Образовниот систем во Македонија се реформира со децении. Се некоја реформа на реформата се прави, а потоа пак е неопходна нова реформа.

Последнава реформа започната пред неколку години од тогашната министерка Мила Царовска е посебна приказна. Скоро сите релевантни образовни институции во земјава и најдоа сериозни забелешки и повикуваа да се стопира и преразгледа.

Сепак иако сега дури и нема многу учебници има и некој кој ја фали реформата. Тоа е владеачкиот СДСМ.

-Горди сме што овозможуваме образование достапно за сите под еднакви услови. Основното образование во нашата држава обезбедува инклузивност и вклучување на различности. Во новите реформи во основното образование ставаме акцент на интеркултурното образование, со кое се овозможува одржлив начин на заедничко живеење во нашето мултикултурно и мултиетничко општество.

Воведовме Национално тестирање кое нема да служи како алатка за деградирање на наставниците и нивно казнување, туку алатка на која ќе се базираат идните реформи во образованието. Токму поради лошите резултати на меѓународните тестирања, ја воведовме Концепцијата во основното образование како нова реформа која има конкретни решенија за унапредување на квалитетот на образованието, и истата се базира токму на резултатите од меѓународните тестирања и трендовите на европско образование.

Апелираме да не се заборави дека во фокусот на владата предводена од СДСМ се на благодетот на наставниот кадар. На наставниците им се овозможи:

кариерно напредување во звања и обезбедивме квалитетна менторска поддршка на наставниците приправници. Наставниците не се подложни на познатиот процес на екстерно тестирање од кое трпеа последици на нивното работно место.

платите драстично се зголемија, за разлика од периодот кога ДПМНЕ беше на власт ги зголеми за само 850 денари. Ги зголемивме платите на наставниците за првпат после неколку години за 55%, односно 52.542 денари бруто плата без додатоци.

по децении за првпат го вративме регрес за годишен одмор на наставниците.

овозможивме развивање на професионалните компетенции на наставниците преку обуки на разни теми кои се од големо значење за унапредување на квалитетот на образовниот процес.

им се намали административната работа на наставниците оставајќи простор за нивна автономија во организација и реализација на наставниот час и времето поминато во училиште, стои во партиското соопштение.

Од СДСМ потсетуваат дека се партија која соработува и ќе соработува со сите засегнати страни (ученици, студенти, наставници, професори, родители, институции) и заедно со нив ќе се стреми кон надминување на тековните проблеми во образовниот процес. „СДСМ е отворен и секогаш ќе биде отворен за соработка за разлика од ДПМНЕ, партија која секојдневно критикува, пласира невистини, и континуирано негира развој на образовниот процес“, велат од партијата.

Претходна вестЈовев демантира дека го нападнал директорот Шокаровски: Имаше само вербална расправија, се удрив случајно од неговите лупи
Следна вестЧеститки од Воскопулос: „Лидл“ во Лерин почна да го употребува македонскиот јазик