Украинци се обиделе нелегално да внесат препарирана глава од алигатор, воени шлемови, револвери…

Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници. Тие спроевеле детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин.

-Во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три стандардни и еден мал детектор за метал, двоглед, седум војнички шлемови, мини стругалка, два стари револвери – кубури, една аукциска книга, лупа, мини дрон, како и препарирана глава од алигатор, се наведува во информацијата.

Контролата на возилото е извршена поради основано сомневање во исказот на патникот, кој на прашање на царински службеници одговорил дека нема ништо за пријавување. Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата држава.

Стоката е привремено задржана, со што е спречена можноста за употреба на истата и вршење нелегални активности на територија на Република Северна Македонија. Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок.

 

 

Претходна вестВо Њујорк: Пендаровски се заблагодари на Шолц, па и Ковачевски се заблагодари…
Следна вестМОН по средбата со синдикатите: Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа, ниту пак ќе добива помала платa