Темен режим Режим на светлина

Седум години стои неупотребен: На Онкологија почна подготовка за монтирање на акцелераторот

Министерството за здравство ја информира јавноста дека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија ќе се инсталира  линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти.

-На клиниката денес почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20-тина години. Во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години, се наведуав во соопштението.

Министерството за здравство ангажираше професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор.

-По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат. И покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено. На оваа клиника во функција се уште три апарати за радиотерапија, се наведува во соопштението.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пензионерите утре на протест: Се бара линеарно покачување на пензиите за 3.500 денари, минималната пензија да биде 18.000 денари...

Следна објава

На 5 отсто се намали ДДВ-то на менструалните производи, изгласани законските измени