Темен режим Режим на светлина

Димитриевски вечерва го формира движењето ЗНАМ – За наша Македонија

Промоција и потпишување на иницијативата за формирање нов субјект на политичката сцена во земјава на нова политичка партија ЗНАМ – За наша Македонија ќе се одржи вечерва во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Идеен творец на граѓанското движење е градоначалникот на Општина Куманово и поранешен истакнат член на СДСМ, Максим Димитриевски, а се очекува потпис на иницијативата да стават претставници на сите 10 граѓански здруженија од земјава.

Димитриевски информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел, како што вели, да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.

-Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ, повика Димитриевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ангелов апелира, градоначалниците да се поажурни, земјоделците да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата

Следна објава

Откриена поврзаност помеѓу пластиката и појавата на аутизам кај некои деца