Темен режим Режим на светлина

Откриена лабораторија за производство на марихуана во Скопје

При претрес кај скопјанец полицијата открила лабораторија за производство на марихуана. Тој бил задржан во полициска станица.

– Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија денеска го лишиле од слобода Д.К.(44) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена лабораторија за производство на марихуана со околу 150 садници, ламби, вентилатори и друга опрема, како и неколку шприца со кафеава материја, марихуана и дигитална вага, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Османи го очекува Лавров во Скопје ако Бугарија или Грција го одобрат летот

Следна објава

Кај Швеѓанец била пронајдена марихуана