Полицијата во Охрид вчера привела 40-годишен Швеѓанец. Кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 14.11.2023 во 23.50 часот на улица „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.М.К.(40) од Шведска, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана“, информираат од МВР.
Против него е поднесена соодветна пријава.