Градоначалник на Бутел Костовски: Ако имало било какво насилство врз дечињата во градинките, јас лично ќе одам до крај на постапките предвидени со закон

Градоначалник на скопската општина Бутел Дарко Костовски синоќа објави дека до него пристигаат информации дека во некои од клоновите на градинката „11 Октомври“, од страна  на некои воспитувачки и негователки се врши одредено несоодветно однесување према згрижените дечиња. Дури и сомнение за одредено насилство. Во објавата на неговиот профил на Фејсбук тој наведе дека охрабрил родители да покренат постапка со која што градинката спроведе дисциплинска постапка поврзана со сличен настан, за да пред неколку дена го направи истото за друг сличен настан и друга случка.

-Во оваа прилика сакам да ги охрабрам сите родители, доколку имаат вакви или слични проблеми, веднаш да пријават до матичната градинка или пак до Општина Бутел поточно одделението за јавни дејности. Секако ако има посериозни показатели да пријават и до јавното обвинителство Скопје. Веднаш ! Не би сакал да верувам дека имало било какво насилство врз дечињата во предшколска возраст, уште помалку би сакал да верувам дека некои од раководните кадри на градинките знаеле за ваков или сличен настан а не пријавиле веднаш. Доколку има нешто реално од горенаведеново ви ветувам дека јас лично ќе отидам до самиот крај на постапките предвидени согласно прописите и кривичниот закон, потенцира Косртовски.

Тој го наведе и телефонски број 075274421 на кој родителите можат да пријават било каков сомнеж за несоодветно постапување од вработените во градинките при Општина Бутел. Неговиот кабинета, пак, ќе ги контактира сите родители да го искажат својот став поврзан со услугите од градинките.

Претходна вестМВР: Нема киднапирано дете, ниту какви било киднапери, да не се шират дезинформации
Следна вестКоалиција „Сите за правично судење“: При изборот на судиите во Апелација Судскиот совет повторно отстапи од ранг-листата на кандидати