Калин Ивановски се пласира на главниот турнир во Јокохама

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успешно ги помина квалификациите за влез на главниот Челинџер 75 турнир во јапонскиот град Јокохама. Тој утринава во последниот круг од квалификациите го победи кинескиот тенисер Јан Баи.

Првиот сет го освои кинескиот тенисер Баи со 6:4, а вториот му припадна на Македонецот со 7:5. При нерешени 1:1 во сетови Баи го предаде мечот.

Претходно во првата квалификациска рунда Ивановски со 3:6, 6:4 и 7:5 го елиминираше Јапонецот Шинџи Хазава.

Во првото коло на главниот турнир македонскиот тенисер за противник ќе го има Белгиецот Зизу Бергс (180. АТП).

Претходна вестКиев и Москва нападнати со дронови
Следна вестАвтомобил се преврте, повредена жена во сообраќајка во скопски Аеродром