18-годишник прегазен во Штип: Возачот избегал, но полицијата го пронашла

Вчера во 20:20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул. „Панче Караѓозов“ со ул. „Широк Дол“ во Штип, патничко возило Citroën C2 со штипски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.Е.К. (18) од Република Турција, со привремен престој во Штип, по што возачот го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип.

По преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возачот С.О. (44) од Штип и неговото патничко возило и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали, па организираат протест пред Уставен суд за да не завршат во друг суд
Следна вестОсновото училиште „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава