Темен режим Режим на светлина

Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги, прашува ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да навлегува во циркусот на меѓусебни обвинувања и политикантство креирано од заедничката коалиција ДУИ, СДС и Левица која единствена задача има да ја одржи во политички живот Данела Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вистината е дека со една седница на Совет нема да се реши проблемот со дивоградбите креиран триесетина години порано. Дополнително што Арсовска се сети за овој проблем 4 месеци пред крајот на мандатот, откако 4 години ги преспа на позицијата градоначалник.

Нема да навлегуваме во дискусии и провоцирани кавги со нејзе за да не и се влошува ситуацијата не сакајќи да бидеме дел од оваа нова нејзина епизода која и се случува пред избори.

И додека се случува циркусот Данела, дознаваме како едвај полнолетниот син на Блерим Беџети добил 12 илјади евра од Комунална хигиена на Данела Арсовска на име авторски договори за интелектуални услуги.

Од причина што сметаме дека нејзината состојба е злоупотребена од ДУИ и ја искористува на нечовечен начин ние ќе се занимаваме исклучиво со управителот на овој процес Блерим Беџети.

Оттука добро е јавноста да дознае кога во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим за 12 илјади евра интелектуални услуги кои ги добива од Комунална хигиена, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Денеска се празнува Светиот великомаченик кнез Јован Владимир

Следна објава

Кирков: Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела да не прави театар