Во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци, патничко моторно возило излетало од коловозот.
Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случила попладнево на оваа делница. Од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија информираат дека по пријавата, полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот.
На терен било утврдено дека станува збор за патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.
Надлежните институции работат на утврдување на причините и околностите под кои се случил трагичниот настан, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





