Левица вели дека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тендерот за зимско одржување на улиците во вредност од еден милион евра го доделил на фирмата, за чии сопственик порано ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции го обвинуваше за сериозен криминал со спорните високатници кои требаше да се градат во населба Влае.
„Како Орце Ѓорѓиевски сега дели милионски тендер на бизнисмен за кој неговата партија обвинуваше дека е дел од градежната мафија која сака да го бетонизира Влае?“ прашаа од Левица Од Левица реагираат и дека и после две години власт, ниту еден од криминалните скандали за кој претходно ВМРО-ДПМНЕ – како опозиција обвинувала, не е разоткриен и нема одговорност, затоа што истите криминални шеми и коруптивни практики со контроверзни фирми ги продолжи и новата власт.






