Владата на Мицкоски одбива да ја намали цената на горивата, иако на светските берзи цената на нафтата се намалува.
Зошто граѓаните во Македонија плаќаат поскапо гориво кога цената се намалува?
Дополнително, високите цени на горивата ќе ги покачат и цените во маркетите, се ќе поскапи,” стои во соопштението од СДСМ.
Од опозициската партија реагираа дека сите земји во регионот вовеле мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не.
„Во ек на нафтената криза, РКЕ го смени начинот на одредување на цените на горивата. Да важеше стариот систем на пресметка, РКЕ денес ќе мораше да ја намали цената на горивата и граѓаните веќе од утре ќе купуваа поевтин бензин и дизел,” категорични се од СДСМ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






