Членот на Извршниот одбор на Јон Фрчкоски од Социјалдемократски сојуз на Македонија обвини дека постои, како што ја нарече, „енергетска мрежа“ поврзана со премиерот Христијан Мицкоски и регионални бизнис структури.
Според Фрчкоски, врските на оваа мрежа започнуваат од српскиот бизнисмен Душан Адамовиќ, кого Мицкоски го назначил за почесен конзул во Србија. Тој тврди дека преку Адамовиќ се отвораат врски со енергетски компании и офшор структури, меѓу кои и холдингот Rudnap Group.
Фрчкоски посочи дека дел од таа мрежа се поврзува и со бизнис кругови во Србија, како и со компании кои учествуваат во големи регионални инфраструктурни проекти. Според него, во оваа структура се споменуваат и лица кои имаат врски со енергетскиот сектор во Македонија.
Тој најави дека, како што рече, „одмотувањето на мрежата“ ќе продолжи и со нови информации во наредниот период.






