Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски учествува на Конгресот на Европската народна партија во Брисел. Ова е нова можност да ги пренесе македонските ставови околу евроинтеграциите пред европските лидери.
На дводневниот настан се очекува присуство на највисоки претставници на ЕУ, а се одржува по повод 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, едно од највлијателните политички семејства во Европа.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека учеството на Мицкоски е уште една потврда за активната улога на Македонија во европските процеси и за јасната определба за членство во ЕУ.
Во рамки на настанот, најавени се и повеќе билатерални средби со европски лидери, а токму преку ваквите средби, Мицкоски ќе има прилика уште еднаш да ја повтори пораката: Македонија останува посветена на европскиот пат, но и на заштита на своите национални интереси.






