Уставниот Суд вчера оцени дека „Сејф сити” е во согласност со законите и Уставот. Оваа нивна одлука не им се допадна на партиите на Албанците во Македонија.
За владејачката ВЛЕН употребата на албанскиот јазик е основно човеково право кое е една од темелните вредности на Уставот, а државните институции имаат обврска да го обезбедат исполнувањето на ова правото. За ВЛЕН ова мора да важи и за системот „Сејф Сити.
И од ДУИ со реакција, тие побараа оставка од претседателот на Судот, Дарко Костадиновски и од секој судија што ги дели неговите ставови. Од оваа партија велат дека со оваа одлука Уставниот суд ги надминал своите надлежности и брутално интервенирал во правниот поредок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


