Државниот завод за ревизија утврдил повеќе неправилности во работењето на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за 2024 година, по извршената ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста со прописите.
Ревизорите констатирале слабости во пописот на средствата и изворите на средства, неизвршена процена на пазарната вредност на градежните објекти, како и пропусти во пресметката и исплатата на платите. Државниот завод за ревизија укажува и дека од 2018 година функцијата директор ја вршат вршители на должност подолго од законски дозволениот рок од шест месеци, што создава ризик институцијата да ја раководат лица кои не ги исполнуваат законските услови.
Дополнително, е констатиран и сериозен недостиг на инспектори и слабости во координацијата меѓу институциите, што може да ја намали ефикасноста на инспекцискиот надзор.

