Темен режим Режим на светлина

Се помалку бебиња во ЕУ, а и во Македонија е исто: Ќе си бараме ли чаре или ќе чекаме решение од Брисел, како и за се друго?

Се помалку бебиња во ЕУ, а и во Македонија е исто: Ќе си бараме ли чаре или ќе чекаме решение од Брисел, како и за се друго? Се помалку бебиња во ЕУ, а и во Македонија е исто: Ќе си бараме ли чаре или ќе чекаме решение од Брисел, како и за се друго?

Бројот на новородени бебиња во Европа драматично опаѓа, а демографските трендови покажуваат дека денес се раѓаат речиси двојно помалку деца отколку пред шест децении. Според најновите податоци, во ЕУ во 2024 година се родени околу 3,55 милиони бебиња, а стапката на фертилитет паднала на 1,34 деца по жена, што е најниско ниво во последните децении.

Во овој европски демографски пад, Македонија е малку над европскиот просек. Според податоците, стапката на фертилитет во земјава изнесува околу 1,44 деца по жена, но и понатаму значително е под нивото потребно за природно обновување на населението. За стабилна популација потребни се најмалку 2,1 деца по жена.

Проблемот дополнително се продлабочува ако се знае дека бројот на починати е поголем од бројот на родени. Во Македонија оваа појава е присутна веќе подолг период и станува сериозен демографски предизвик.

Дали е доволно свесно македонското население од овие ризици? Се преземаат ли доволно мерки од страна на државата за да се подобри демографската слика во Македонија?

Демографските политики – поддршка за младите семејства, подобри услови за работа и живот, како и мерки за задржување на младите во земјата – се повеќе се наметнуваат како клучни прашања за иднината на државата.

Сите во Македонија треба да мислиме и делуваме во правец на подобрување на демографската слика. Зарем и за ова сметаме дека ќе ни го реши ЕУ, а ние треба само Устав да смениме и да станеме дел од Унијата? Еве, гледаме дека и во Брисел го имаат демографскиот проблем и тешко го решаваат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Владата упорно смирува, СДСМ упорно шири паника за поскапувања, има ли тука политичкото профитерство?

Владата упорно смирува, СДСМ упорно шири паника за поскапувања, има ли тука политичкото профитерство?

Следна објава
Државниот градежен инспекторат во 2024 година работел со бројни неправилности, утврдиле ревизорите од ДЗР

Државниот градежен инспекторат во 2024 година работел со бројни неправилности, утврдиле ревизорите од ДЗР