Темен режим Режим на светлина

Скопје не може да биде чист град ако секој си го прави „мини депонија” пред својот двор или зграда

Скопје не може да биде чист град ако секој си го прави „мини депонија” пред својот двор или зграда Скопје не може да биде чист град ако секој си го прави „мини депонија” пред својот двор или зграда

Дивите депонии никако да си заминат од Скопје. Самите, не си одат, комуналците ги протеруваат, ама депониите пак се враќаат. Кој е за тоа виновен? Да не се лажеме – на многу скопјани им стана хоби да сеат диви депонии низ разни делови од градот.

Еден таков градски дел е просторот околу Старата чаршија и популарната Пластичарска улица. Вчера „Комунална хигиена” информираше дека отстранила околу 50 кубни метри отпад баш таму. И не е прв пат, туку често го прави тоа на овие локации.
Лесно е вината расфрланото ѓубре да се префрли врз „Комунална хигиена”, но факт е дека ниедна служба не може да постигне ако несовесното однесување на скопските жители продолжи. Депониите не паѓаат од небо – некој ги создава.

Истата слика е со години, денес се чистат, утре пак се полни со ѓубре.
Тоа не е случај само во Чаршијата или на Пластичарска, туку и во Визбегово, Бардовци, Драчево, па дури и во центарот на Градот и во Аеродром.

Да, потребни се и почести контроли, казни и системско решение од институциите, потребен и е поголем ангажман од Комунална хигиена, но без свест кај граѓаните, ниту најголемата механизација нема да помогне.

Скопје не може да биде чист град ако секој си го прави „мини депонија” пред својот двор или зграда. Ова не е само комунален проблем, туку прашање на култура и одговорност.
Чист град не се прави само со метла – туку со граѓанска свест и совест.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Иран постави услови за прекин на војната, еден од нив е САД да му исплати репарации

Што содржи планот од 15 точки што САД до испратил до Иран?

Следна објава
Ни претстои ли нова бегалска криза од Блискиот Исток, се активира ли повторно Балканската рута?

Ни претстои ли нова бегалска криза од Блискиот Исток, се активира ли повторно Балканската рута?