Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Минималните температури ќе се движат од -2 до 6 степени, додека максималните ќе достигнат од 10 до 18 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 15 степени.
Од утре следува промена на времето. Под влијание на циклонска активност се очекуваат нови врнежи од дожд, а променливото и посвежо време ќе се задржи во текот на целата работна недела.
Најобилни врнежи се најавуваат за среда и четврток, кога локално може да наврнат и повеќе од 20 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе преминуваат во снег, а ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, додека дневните во четврток ќе достигнат најмногу до 12 степени.



