Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено и по суви коловози, информира ЈП Македонија пат. Сите патни правци се проодни и нема застои во одвивањето на сообраќајот.
Сепак, од претпријатието предупредуваат дека на делници кои минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на помали одрони, поради што се препорачува зголемена внимателност.
Возачите се повикуваат да управуваат одговорно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот, со цел безбедно одвивање на сообраќајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



