Темен режим Режим на светлина

Проданоски: Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со иновативен проект за рециклирање освоија прво место

Проданоски: Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со иновативен проект за рециклирање освоија прво место Проданоски: Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со иновативен проект за рециклирање освоија прво место

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во својот кабинет ги пречека учениците Теодора, Анастасија, Александра, Давид и Мартина од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, кои го освоија првото место на натпреварот по циркуларна економија, одржан на Економскиот факултет во Прилеп.

Учениците, под менторство на професорката Виолета Секулоска, се претставија со проектот „RERUBIX“ – иновативно решение за рециклирање на отпадни гуми и нивна пренамена во безбедни подлоги за детски игралишта, велосипедски полигони и заштитни елементи во сообраќајот.

Како што истакна Проданоски, станува збор за проект кој не само што придонесува за намалување на отпадот, туку и за унапредување на јавниот простор и создавање побезбедна средина за граѓаните, особено за најмладите.

Посебен сегмент од решението се паметните безбедносни бариери изработени од рециклирани гуми, кои се дизајнирани да апсорбираат удари и значително да го намалат ризикот од повреди кај децата и велосипедистите, што го прави проектот практичен и високо безбеден.

„Овој успех е резултат на знаење, тимска работа и визија. Прилеп има млади кои не само што учат, туку и создаваат решенија за реални предизвици“, нагласи градоначалникот.

Тој додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи и да биде партнер на младите во реализација на нивните идеи.

Проданоски упати искрени честитки до учениците и нивната менторка, посочувајќи дека тие се вистинска инспирација и гордост за Прилеп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Тоневски: Учениците од СОУ „Н.Н. Борче“ се гордост на Пробиштип со успесите на државниот натпревар по географија

Тоневски: Учениците од СОУ „Н.Н. Борче“ се гордост на Пробиштип со успесите на државниот натпревар по географија

Следна објава
„Стентон градба“ ги заврши хируршките сали во УКЦ „Мајка Тереза“ – реконструираните капацитети веќе се во функција

„Стентон градба“ ги заврши хируршките сали во УКЦ „Мајка Тереза“ – реконструираните капацитети веќе се во функција