Темен режим Режим на светлина

Вонреден инспекциски надзор од Кисела Вода за несреќата на градилиштето во која загина работник

Вонреден инспекциски надзор од Кисела Вода за несреќата на градилиштето во која загина работник Вонреден инспекциски надзор од Кисела Вода за несреќата на градилиштето во која загина работник

Од Општина Кисела Вода најавуваат дека ќе извршат вонреден инспекциски надзор за околностите поради што дошло до несреќата на градилиштето на улицата Козјак во петокот, кога еден градежен работник загина, а тројца беа повредени при ископ на темели за станбена зграда.

– Општината иницира вонреден инспекциски надзор со вклучување на сите раководители од надлежните сектори. Ќе се направи целосна проверка на безбедносните услови, вклучително и контрола на противпожарната опрема како и стандардите за користење на ХТЗ опрема по што ќе се постапи согласно сите наоди и препораките, соопшти градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска.

Таа упати уште еден апел до јавноста за воздржување од ширење на непроверени информации и политизација на случајот додека надлежните ја завршуваат истрагата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Коњановски: Над 80 проекти во Битола се во фаза на реализација

Коњановски: Над 80 проекти во Битола се во фаза на реализација

Следна објава
Ученичка од шесто одделение во Ѓорче Петров била брутално малтретирана од три постари девојчиња

Ученичка од шесто одделение во Ѓорче Петров била брутално малтретирана од три постари девојчиња