Темен режим Режим на светлина

Иран го разгледува одговорот на САД на нивниот предлог мировен план

ПРИМИРЈЕ: Пакистан објави прекин на огнот, Трамп потврди дека наредил запирање на нападите, Иран слави победа ПРИМИРЈЕ: Пакистан објави прекин на огнот, Трамп потврди дека наредил запирање на нападите, Иран слави победа

Иран го примил одговорот на САД на својот најнов мировен предлог, а информацијата била доставена преку Пакистан, објавија иранските државни медиуми, иако американската страна сè уште официјално не потврди дека му одговорила на Техеран.

Претседателот Доналд Трамп во саботата изјави дека „наскоро ќе го разгледа планот што Иран штотуку го испратил, но не може да замисли дека е прифатлив“.

Според иранските медиуми, планот на Техеран во 14 точки бара од Вашингтон повлекување на силите од близина на иранските граници, прекин на поморската блокада на иранските пристаништа и запирање на сите непријателства, вклучително и израелската офанзива во Либан.

Планот исто така повикува на постигнување договор во рок од 30 дена, со акцент на „завршување на војната“, а не само на продолжување на постојното примирје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
123 години од смртта на македонскиот револуционер, учител и борец за слобода Гоце Делчев

123 години од смртта на македонскиот револуционер, учител и борец за слобода Гоце Делчев

Следна објава
Прекин на водоснабдување на „Ленинова“, се чека санирање

Прекин на водоснабдување на „Ленинова“, се чека санирање