Темен режим Режим на светлина

Пет деца повредени во Австрија по експлозија на неексплодирана муниција

Пет деца повредени во Австрија по експлозија на неексплодирана муниција Пет деца повредени во Австрија по експлозија на неексплодирана муниција

Пет деца на возраст од 10 до 14 години се повредени по експлозија на заостаната муниција од Втората светска војна во северниот дел на Австрија.

Инцидентот се случил во близина на селото Санкт Освалд, во регионот Горна Австрија, каде децата биле на кампување и запалиле логорски оган. Според информациите, неексплодираната муниција се наоѓала под огништето и експлодирала додека тие престојувале таму.

Децата биле од друго село во истата покраина, а засега нема официјални информации за сериозноста на нивните повреди.

По несреќата, полицијата извршила увид и на местото пронашла уште една експлозивна направа. Била повикана специјализирана единица за деактивирање бомби, која интервенирала на терен.

Надлежните институции започнале истрага за да се утврди како муницијата се нашла на таа локација. Иако во Австрија повремено се пронаоѓаат вакви опасни остатоци од војната, ваквите инциденти се ретки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција

Божиновска: Стратешкото партнерство со САД во енергетиката влегува во фаза на реализација

Следна објава
Полицијата одзеде трактор кај Тетово, возачот без возачка дозвола

Полицијата одзеде трактор кај Тетово, возачот без возачка дозвола