Темен режим Режим на светлина

Британија ќе се приклучи кон заемот на ЕУ кон Украина, воведува и нови санкции за руски компании

Украина ќе се задолжува, се работи на добивање заем од 90 милијарди евра од ЕУ Украина ќе се задолжува, се работи на добивање заем од 90 милијарди евра од ЕУ

Велика Британија планира да се приклучи кон заемот на Европската унија за Украина вреден 90 милијарди евра, што претставува нов чекор кон продлабочување на европската одбранбена соработка. Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе го најави овој потег на самитот на Европската политичка заедница во Ереван.

Заeмот, одобрен минатиот месец, треба да покрие две третини од потребите на Украина во следните две години, главно за воени трошоци во одбрана од руската инвазија. Британската влада оценува дека ваквиот ангажман ќе отвори и можности за домашните компании, особено во одбранбениот сектор.

Лондон најави и нов пакет „остри санкции“ против руски компании, со цел да се нарушат нивните воени синџири за снабдување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Драчево без струја денеска, најавен прекин до 15:30

Следна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ е убеден дека Мицкоски ако треба ќе го апси и Груевски само за да остане на власт